Иако временските услови не им одеа во прилог на комуналците во извршувањето на оперативните задачи, сепак, тие, со крајни напори и добра организација во пресрет на „Пивофест – 2019“, извршија комплетно чистење на градот.
Чисти улици, тротоари и плоштади, искосени и уредени паркови , естетски обликувано зеленило, уредени цветни алеи и кружни токови, искосени и уредени влезови во градот, е визуелната слика со која Прилеп ќе ги пречека илјадниците посетители на годинешниот фестивал на пивото.
Од оперативниот оддел на Комуналец, велат дека се уредени и чисти сите населби, а посветено е внимание и на периферните делови од градот. Гостите ќе ги пречекаат и косените и чисти влезови на кои се работи и денес, а после вчерашните дождови во тек е и миење на повеќе улици.
ЈКП „Комуналец“ во рамки на своите надлежности посветува големо внимание и на кучињата скитници, а дежурната шинтерска служба ќе работи целодневно за време на фестивалот.
Како и во претходните години, така и за годинешниот „Пивофест“, комуналците ќе бидат на висина на задачата и секое утро до 8 часот градот ќе биде исчистен и доведен во првобитната состојба.