Комуналец ги обнови сите жардењери во Старата прилепска чаршија со сезонско цвеќе. Ден за ден, жардењерите осамнуваат празни. Ако сакаме чист, уреден и убав град, ред е најпрво да ја смениме културата, а потоа да бараме да ни е убаво. Дотогаш… вака, ќе зјаат празни дупки наместо расцветани жардењери.