Започна со реализација проектот „Нова еколошка Био-реалност“

„Комуналец“ започна со реализација на проектот „Нова еколошка Био-реалност“ финасиран од Интеррег ИПА – прегугранична соработка со Грција.

ЈКП„Комуналец“ – Прилеп, наредниве две години до 2020 година, со средства од ИПА фондовите, ќе го реализира проектот „Нова еколошка Био-реалност“. Поднесената апликација за првиот повик за предлог проекти 302128 / MA5567 (КОД Ф1) од страна на Управниот орган на Програмата за европска територијална соработка ИНТЕРРЕГ ИПА ПРЕКУГРАНИЧНА ПРОГРАМА, помеѓу Репубика Македонија и Грција, официјално започна вчера, со првиот работен состанок, одржан во општината Термаикос. Средствата од проектот,,Био- реал,, во вредност од околу 1 милион и 300 илјади евра ќе ги користат две општини од Солун, Термаикос и Халкидона,како и Технолошкиот Образовен Институт од Солун. Како корисници на проектот„Био -реал“ се ЈКП„Комуналец“-Прилеп, ЈКП„Древен“ од Велес и Општина Свети Николе, кои ќе користат по 163.000 евра, или вкупно, трите општини Прилеп, Велес и Свети Николе ќе користат 489.000,оо евра.

Овој заеднички проект, поднесен под Приоритетната оска 2. Заштита на животната средина – Транспорт, специфична цел 2.2 Одржливо управување и рециклирање на био-отпад, официјално започна со првиот информативен состанок и предавањето на договорите од страна на носителите на проектот.

За ЈКП„Комуналец“ – Прилеп, ова е прв проект кој ќе се работи со пари од Европските фондови, а се однесува на изработка на студија,набивање и тампонирање на простор и набавка на машини за производство на компост. Ова за комуналците ќе значи дека во иднина треба да се насочат на користење на средства од Европските фондови, кои во областа на управувањето со отпад само што започнуваат, а редовни повици според првичните информации ќе има секоја наредна година.

Компостарата треба да започне со работа во 2020 година, проектирана ќе биде од помал обем за потребите на Општина Прилеп. Во компостарата ќе се преработуава чист отпад од трева, лисја, гранки, отпадна земја, неупотреблив картон и хартија, чисти отпадоци од кујна, пилевина, и животински измет од фарми.

Од ЈКП„Комуналец“ – Прилеп, велат дека првичните произведени количини ќе се користат за потреби во парковите, жардењерите и цветните алеи. Според првичните истражувања, во компостарата ќе се преработуваат чисти отпадоци киорисни за компостирање, а на годишно ниво првично би се произведувале од 3-5 илјади тони отпад, кој моментално иако со вредност, завршува на депонијата Алинци.

Целта на проектот е заштита на животната средина и користење на отпад, кој во ниеден случај не треба да заврши на депонија, туку да се преработи со посебни методи и да се врати во природата.

Можеби ќе ви се допадне