Влезови без отпадоци

Влезови без отпадоци, на потег се граѓаните да покажат коректно и совесно однесување кон животната средина

Во период од 3 месеци, повторно се исчистија влезовите од Варош до Железничката станица, низ Варош и населбата Козле, каде се изврши и миење со цистерна, и влезот од бензиската станица на Лук Оил, каде исто ќе се врши и миење со цистерна.

Иако многумина напишале и ќе напишат во коментар, или ќе речат дека се повторуваме во објавите,сепак, обврска на Комуналец е да информира што сработиле, за да не биде повикот од граѓаните само кон комуналните работници.

Заради поголемата количина на отпад, останува со добро организирана акција да се исчисти влезот од кај населеното место Лагово, кој во иднина ќе се чисти континуирано во текот на целата година.

Директорот Рубинчо Абрашоски, вели дека влезовите говорат за чистотата на градот и културата на однесување на жителите кон животната средина, и ги замолува граѓаните да се однесуваат совесно и коректно, но и да го почитуваат трудот на комуналните работници,зашто влезовите се на голема површина која бара поголема ангажираност на човечки ресурси.

Во продолжение фото од постигнатата врвна чистота на влезовите

Можеби ќе ви се допадне