Соопштение за корисниците на услуги од ЈКП„Комуналец“ – Прилеп

Деновите кога ќе се одржат изборите за Претседател на Македонија и за пратеници во Собранието се прогласени за неработни денови за сите граѓани на државата, стои во соопштението од Владата објавено по одржувањето на 14 седница.

Секој граѓанин да може непречено да го оствари своето право на глас во избирачката единица во која е регистриран, ЈКП ,,Комуналец’’- Прилеп, во деновите 24 април и 8 мај 2024 година, нема да врши услуга собирање, транспортирање и депонирање на отпад од домаќинствата. Отпадот од домаќинствата од наведените денови ќе биде подигнат во двата последователни дена.

Отпадот од контејнерите поставени по јавно прометните површини и станбеното живеење за мешан комунален отпад и отпадот од селекција ќе се собира редовно.

Со почит,
ЈКП„Комуналец“ – Прилеп

Можеби ќе ви се допадне