СЕКОЈ ОТПАД ИМА СВОЕ МЕСТО, АКО СЕ ПОЧИТУВААТ ПРАВИЛАТА

И покрај молбите од комуналците, одредени граѓани не ги почитуваат правилата за одлагање на отпад, а со тоа се создаваат диви депонии преку ноќ. Замолуваме со години за малку почит кон вработените, зашто одреден отпад исклучиво се товара рачно. Не е коректно на куќната услуга „врата до врата“, услуга која ја вршат комуналните работници на домашна адреса, да товараат и претовараат постојано. Неделава се соочивме со објава на социјалните мрежи дека вработените од Старите градски гробишта си прават депонија околу гробиштата. Во тој исфрлен отпад имаше се (стари јоги, јоргани, најлони, канти, стар мебел, и др. комунален отпад) само не отпад од гробиштата.

За потребите на Старите градски гробишта, ЈКП„Комуналец“ – Прилеп, има поставено контејнери за одлагање на мешан комунален отпад од 1/1м3 и за градежен шут од 5м3.

По објавата на социјалните мрежи од наши сограѓани дека околу гробиштата е направена депонија, истата е веднаш исчистена, иако отпадот во енормни количини се исфрла преку ноќ.

Во текот на вчерашниот ден е оставен чист 5 кубичен контејнер исто за потребите на гробиштата за одлагање на отпад од градежната група (според планот на Комуналец, за потреба од 4 дена). Денес во него, а најповеќе околу него има се, освен отпад од гробиштата.

Практика е од околните куќи и населбата да се злоупотребува просторот околу контејнерите и да се прават диви депонии. Напоменуваме дека отпадот од домаќинствата се подига еднаш во неделата, додека за габаритниот отпад е воведена посебна бесплатна линија секој четврток со најава од имателот на отпад. И наместо работниците да ја извршуваат дневната работа, постојано работат на чистење на дивите депонии околу гробиштата, а почесто и на пунктот пред мостот кај касарната.

Замолуваме како јавно претпријатие да не се злоупотребува комуналната опрема, да се почитува редот на подигање од домаќинствата (се подига еднаш неделно со редовната линија), а габаритниот отпад да се пријавува тел. 048/428/992, со ел. пошта на presskomunalec@yahoo.com, или со порака на ФБ страницата од Комуналец. Нашите вработени овој вид на отпад ќе го подигнат уредно од дворовите.

Неоправдана е постапката да се изнесува и ифрла отпадот насекаде, кога истиот се подига од дворовите, без при тоа да се мачат граѓаните да го изнесуваат и исфрлаат, а потоа комуналните работници повторно да прават утовар.

Можеби ќе ви се допадне