Се дезинфицира Дабнички канал

По чистењето на Дабнички канал од сите отпадоци исфрлени во него во текот на зимата „Комуналец“ врши дезинфекција на каналот. Директорката Ирена Станковска, вели дека се обрнува големо внимание на овој дел од градот со чистење, изградена е заштитна мрежа за собирање на поголемите отпадоци, а по минатогодишното темелно чистење на каналот, заложбата на комуналците е истиот да го одржуваат редовно чист, а околниот простор да добие различни содржини, со цел заживување на кејот од Дабнички канал и создавање на здрава животна средина.

Инаку минатата година се изврши машинско чистење на каналот кој беше затрупан со отпад и обраснат со трева, трње и шипови. Потоа се изврши рачно чистење на sидовите од коритото. Со цел да се создаде здрава животна средина за жителите од населбата Вишне, се изврши машинско рамнење од двете страни на кејот. Посадени се и дрвја со цел да се формира зелен појас. Но, веќе информиравме дека дел од посадените дрвја се целосно уништени, и истите ќе бидат обновени.

Можеби ќе ви се допадне