Радоста на градските контејнери

Уметноста врз градските контејнери годинава волонтерски ја изразуваат младите уметници од ЦСЛУ. Кон нивната креативност и инвентивност се вклучи и Александар Јошески, вработен во ЈКП„Комуналец“ – Прилеп.

Тој инспириран од дрвото каталпа, цветот од Роза, Темјанушка и цветот од Хибискус , се вклучи со волонтерска работа, искажувајќи ја сета своја идеја врз неговиот прв насликан контејнер.

Кон акцијата насловена како „Радоста на градските контејнери“ можад да се вклучат и други вработени, како и граѓани на Општина Прилеп. Целта на акција за искажување на уметноста врз контејнерите, е да се подигне свеста за правилно одлагање на отпадот, но и да се постигне подобар визулене изглед на еколошките острови каде се сместени контејнерите за одлагање на мешан комунален отпад и отпад за селектирани отпадни материјали.

Можеби ќе ви се допадне