Комуналните работници по синоќешните обилни дождови мобилизирани да направат генерално чистење пред престојниот Пиво фест.
Покрај многубројните проблеми кои ги создадоја силниот ветер и дождот по јавно прометните површини и парковите, комуналците започнаа со средување на влезовите во градов, а при крај е оперативната работа за кастрење на дрворедите.
И за годинашниот фестивал, прилепски „Комуналец“, ќе биде на задачата да постигне врвна чистота, пред, за време и по завршувањето на Пиво фестот.