Се прави генералка на влезот во градов од кај бензиската на Лук Оил

Комуналците, денеска чистат градежен шут и мешан комунален отпад на влезот во градов, наспроти бензиската од Мак Петрол, до самите куќи. Неосвеста на поедини граѓани одела дотаму што отпадот е истуран до тротоарскиот дел, наменет за пешаци.

Покрај ова, од Одделението за одржување на јавно прометните површини се врши собирање на камената ризла, по што ќе треба да се изврши миење на двосмерната улица на влезот од кај бензиската на Лук Оил, со улицата „Александар Македонски“.

Граѓаните да бидат стрпливи по однос на миењето на улиците низ градов, зашто „Комуналец“, одржува 73 улици со вкупна површина од 91.276.176 м2, со различен степен на одржување со миење на улици и тротоари, а миењето започна пред два дена, заради ниските температури кои се задржаа подолго верме.

Од оперативниот тим на „Комуналец“, велат дека генаралното чистење со метење и миење на сите улици ќе се одвива наредниве две недели.

Можеби ќе ви се допадне