Утринска хигиенска Фото галерија пред започнување на фестивалот на пивото во Прилеп и задолжителниот исфрлен отпушок

Од страна на комуналните работници, од хигиенски аспект, градот е подготвен да ги пречека илјадниците посетители, љубители на ладното пиво, вкусната скара и одличната забава.

Трите фестивалски дена посветени на пивото комуналните работници ќе бидат на врвот на својата задача, односно до 8 часот наутро градот да биде исчистен и дезинфициран.

Ги информираме граѓаните дека корпите за отпадоци се отсранети од централното градско подрачје, поточно од плоштадот Александрија, дел од булаворатот „Гоце Делчев“, и плоштадот „Методија Андонов – Ченто“ од безбедносни причини, а по препорака на МВР.

Воедно, ги замолуваме граѓаните во текот на денот да се воздржат од исфрлање на отпадоци на посочените локации каде се отсранети кантите и да ги користат ближните канти и контејнери. Во вечерните часови за време на одржувањето на забавите, кога протокот на луѓе е голем, вообичаено е исфрлањето на отпад на јавна површина, за што после полноќ задолежени се комуналните работници да доведат се во првобитна состојба.

Можеби ќе ви се допадне