СЕКТОР ЗА СОБИРАЊЕ, ТРАНСПОРТ И ДЕПОНИРАЊЕ НА ОТПАД

– Одделение за собирање, транспорт и депонирање на отпад

– оддел за собирање и транспорт на отпад
– оддел за згрижување на животни скитници.

– Одделение за депонирање на отпад
– оддел за селекција на отпад

– Одделение за одржување на механизација, возила и опрема.

СЕКТОР ЗА СОБИРАЊЕ, ТРАНСПОРТ И ДЕПОНИРАЊЕ НА ОТПАД-работи и работни задачи

Со секторот за собирање, транспорт и депонирање на отпад раководи раководителот.

Основна дејност на секторот е уравување со комунален и друг вид неопасен отпад на територијата на општина Прилеп односно врши собирање, селектирање, транспортирање, третман, складирање и отстранување – депонирање на отпад од станбен и деловен простор.

Во овој сектор постојат Одделение за собирање, транспорт и депонирање на отпад, Одделение за депонирање на отпад и Одделение за одржување на механизација и возила и опрема.

Одделението за собирање, транспорт и депонирање на отпад го опфаќа целокупното управување со комуналниот и друг вид неопасен отпад, однсоно собирање, селектирање, третман и депонирање на отпадот.

Во составот на ова одделение се оддел за собирање и транспорт на отпад и одделот за згрижување на животни скитници.

Одделението за депонирање на отпад го определува на местото на депонирање на отпадот и го планира одржувањето на депонијата.

Во склоп на ова одделение има оддел за селекција на отпад.

Одделението за одржувањето на механизација, возила и опрема врши организирање на работа со одржувањето на сите возила и механизација.

Оперативен директор
Игор Јорданоски
048/428-992
071/242-650
komunalecprilep@yahoo.com
presskomunalec@yahoo.com