Купишта хартија, отпадоци од пластичен прибор, лименки и што ли не, чистат комуналците од рани зори. Најнапред единицата за селекција на отпад собира се она што може да се рециклира. Додека пак, единиците метачи и паркови и зленило пристапуваат кон темелно метење и миење на плоштадите, улиците, тротоарите и зелените површини. По ова, се врши транспортирање и депонирање на собраниот отпад во депонијата Алинци.
По сите убавини кои се случуваат на пивофестовските забави, останува комуналците да исчистат се она што многубројните посетители оставаат зад себе, со цел убавините кои ги нуди централното градско подрачје да се доведат во првобитната состојба, како и ништо да не се случуавало пред тоа. Задача на комуналците е до 7 часот наутро централното градско подрачје да биде со врвна чистота. Покрај ова, како и вообичаено, секое утро се мијат и сите главните сообрајќајници низ градот.
Остануваат три дена од одржувањето на најголемата пивска манифестација, денови кога сите ќе слават, а Комуналец ќе биде со задачата да им овозможи на прилепчани и посетителите чиста и пријатна средина за пивското дружење.