Комуналните работници го светнуваат градот по завршувањето на фестивалот на пивото

Три фестивалски вечери посветени на пивото, три дена многу работа за комуналните работници.

Утрово се размонтираат штандовите и сцената, се собира сиот донесен потребен инвентар како од угостителите така и од организаторот. Ова во голема мерка ги спречува комуналците последниот ден да остават чист град до 7 часот наутро, како изминатите два дена, кога првите минувачи гледаа чист град од рани зори. Но, практика e години наназад последниот ден, поради демонтажа и транспорт на инвентар и опрема центарот на градот да биде исчистен до пладневните часови.

Од рани зори екипите на комуналното претпријатие се на терен, се метат отпадоците, се мијат сите јавни површини, а отпадот се транспортира до депонијата Алинци. Оделот за селекција на отпад собра се што може да се рециклира, па останува работата на одделенијата од јавна хигиена – паркови и зеленило и подигачи на отпад. Уништените тревнати површини на плоштадот „Александрија“ ќе се третираат со препарати и ќе се доведат во првобитната состојба.

Иако се преголеми и тешки обврските на комуналните работници да опслужуваат една ваква голема манифестација, сепак, тие се горди што можат да се носат со предизвикот после толку отпад и уништени зелени површини, да доведат се во ред, како и ништо да не се случувало пред тоа.

Можеби ќе ви се допадне