Кампања „Позитивна промена“, за позитивни граѓани кои си ја сакаат Македонија.


Во рамките на кампањата „Позитивна промена“, и во организација на Министерството за животна средина и просторно планирање, во просториите од Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион се одржа јавна презентација на кампањата за општините од Пелагонискиот плански регион. Од Министерството за животна средина информира дека во текот на месец февруари се одржани 8 јавни презентации на националната кампањата „Позитивна промена“ која има за цел подигање на јавната свест и едукација за правилно постапување со отпадот. Еколошки чисти градови, зелени полиња, чисти реки и езера, планини од кои пука прекрасен и чист хоризонт се приоритетите на секој човек. Но, дали во пракса така се однесуваме?!

Со цел да биде опфатена целата територија на Македонија, презентациите од јавната кампања се одржаа во по една општина од секој плански регион и тоа во општините: Чаир, Куманово. Тетово, Битола, Струга, Струмица, Кавадарци и Штип.
На јавната презентација во Битола се споделија промотивните и едукативните материјали за важноста, ефектите и придобивките од добар и одржлив систем за управување со отпадот кој исто така бара и зајакнување на капацитетите на единиците на локалната самоуправа во овој сегмент.

Од Министерството истакнаа дека одговорноста за правилното управување со отпадот припаѓа на сите засегнати страни: Владата, општините, правните лица кои управуваат со отпадот, граѓаните, приватниот сектор и само со одговорно однесување на сите страни може да се надмине овој децениски проблем.
Секако, за успешно функционирање на новиот систем не е доволно само да се воспостави инфреструктура и да се обезбедат садови за селекција, како и комунални возила за собирање и др, туку мора и да им се помогне на луѓето да ја разберат својата одговорност за отпадот и да создадат навики за подобра контрола врз управувањето со отпадот.


Од суштинско значење е на граѓаните и бизнис секторот да им се објасни дека иднината на Македонија во управувањето со отпадот е во Регионалното здружување и Меѓуопштинската соработка. Регионалното здружување за Пелагонискиот и Југозападниот регион значи формирање на заедничко Јавно претпријатие со кое ќе управуваат 18-сете општини кои гравитираат во овие два регион и оваа соработка досега оди одлично. Во делот на Меѓуопштинската соработка со соседните и блиски општини работите се движат поспоро и од страна на општинските тимови беше истакната потребата од почести средби и можности за реализација на заеднички проекти.
Од сите присутни беше донесен заеднички заклучок дека покрај прекупотребната инфраструктура за селекција на отпад, неминовна е едукација и обука на населението како да управуваат и се справуваат со отпадот. Присутните се осврнаа и на работата на Инспекторатите, и неминовноста од изрекување на казни за несовесните граѓани и бизнис секторот.


Од Министерството ги информираа присутните претставници од општините и јавните претпријатија дека 2025 ќе биде пресвртница за сите општини, кога од страна на Министерството ќе им бидат распределени нови комунални возила за собирање на отпад, контејнери и канти за селекција на отпад, по формула на број на жители и територија, но уште еднаш напоменаа дека останува законската обврска на општините правилно да управуваат со отпадот, односно да се воведе неминовна селекција на отпад, како и итно затворање на дивите депонии.

Ниедно Министерство неможе да го реши проблемот на локално ниво, ако за тоа не се грижи градоначалникот, општинската администрација и јавните претпријатија истакнаа од Министерството, посочуваќи го Прилеп како пример, кој саминицијативно, години наназад се грижи да поставува комунална инфраструктура со средства од ЈП, да го собира отпадот одвоено, иако сеуште доселекцијата ја прават мануелно, и најважно да го обучат и едуцираат населенито да селектира отпад.
Инаку, Кампањата е финасирана преку Годишната програма за финансирање на управувањето со посебни текови на отпад. Средствата со кои се финансира оваа кампања се одвоени од надоместокот кој се уплаќа од страна на трговците за граѓаните кои купуваат пластични кеси.