ЕКО работилница и ликовна изложба

Со креативна ликовна ЕКО работилница и ликовна изложба насловена „Еко перспективи за Прилеп“, како дел од третата акција #ЗеленПеток, денеска Здружението Станица пет, ја одбележа активноста за чиста и здрава животна средина во рамките на проектот „Еко иницијатива, граѓаните и локалната власт во акција за заштита на животната средина“.

Изложбата ги претставува уметничките изработки на млади учесници од Прилеп – Еко активисти, со цел поттикнување дијалог за еколошките предизвици и идните активности во заедницата.

Освен што преку уметноста младите ја искажале сета грижа која ја чувствуваат кон животната средина, на денешната предновогодишна средба тие преку дијалог со надлежните институции поставија прашање со елаборирање на предлогот:
Пример 1: Младите се инцијатори да се отстранат кантите за отпад и контејнерите од комплексот ,, Вештачко езеро’’, со цел населението по примерот на многу Европски држави да се навикне дека секој кој е посетител во природа треба да се грижи за отпадот и истиот да се врати во градските контејнери или домашните канти;
Пример 2: Младите се инцијатори да се отсранат кантите за отпадоци во старата чаршија и по булеварот зашто истите се злоупотребуваат од несовесни дуќанџии и наместо тие да користат за отпадоци, стануваат ѓубриште, зашто околу нив дуќанџиите оставаат отпад од големи пакувања, најлон и целофан, наместо истиот да го отсрануваат во контејнерите. Тие истакнаа дека во ЕУ нема контејнер на секој чекор, туку дека секој е задолжен без оглед на далечината да се грижи за отпадот.
Пример 3: Младите имаат иницијатива да се градат велосипедски патеки надвор и во градов со цел намалување на загадувањето и промовирање и користење на велосипедот по примерот на Скандинавските држави. Тие велат за да се создаде навика за користење на велосипедот низ град, потребно е да имаат вело патеки надвор од градов и предлагаат да се изгради вело патека по стариот пат за Битола, паралено со автопатот, и кога ќе се растерети сообраќајот во иднина со отворањето на автопатот, непречено да се користи вело патеката од двете страни по стариот пат, до Битола и назад, со цел да се стекнат навики за користење на велосипед.

Младите Еко активисти бараат поголема ажурност и дисциплина од институциите, конкретно од јавното претпријатие, но воедно бараат поголема одговорност од граѓаните во исфрлањето на отпадот. Тие велат дека неможе секој да исфрла отпад каде ќе стигне и вината да биде само институционална. Предлагаат ригорозни казни за сторителите, но и институциопнална, невладина и граѓанска поврзаност и дијалог со цел, не само Прилеп, туку и на ниво на држава да се рабуди свесноста за чиста животна средина.

Следна активност која е договорена со Станица пет, е да се едуцира населението од населбата Тризла, но и други населби каде е најмала распределбата на жолта и зелена канта за селекција на отпад, со цел сите домаќинства да бидат опфатени со селекцијата на отпадот , но и да се постигне унифицинараност во комуналната услуга.

Она што најмногу ги загрижува Еко активистите од Станица пет, е постојаното затрупување со отпад на Дабнички канал, и покрај тоа што два пати во годината истиот канал се чисти. Тие истакнуваат дека овој проблем и проблемот со дивата депонија накај Дабница и кон Вештачкото езеро се рак рана на градот, и оваа појава мора да се спречи и запре еднаш засекогаш, и бараат поголема вклученост на инспекциските служби и униформираните службени лица.

Нивната младинска желба за чиста и здрава животна средина е јасна, со Визија, Прилеп да биде центарот на чистотата и екологијата.

Можеби ќе ви се допадне