Започна испораката на комуналната опрема за Општина Прилеп.

Денеска од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање започна испораката на опремата за собирање на отпад за Општина Прилеп, како дел од Регионалната програма за цврст отпад, финансирана преку заем од Европската банка за реконструкција и развој (ЕБРД) и грант од Швајцарската агенција за развој SEKO.

На платото од ЈКП,, Комуналец’ – Прилеп, во првата транша на испорака ќе бидат складирани 126 контејнери за мешан комунален отпад и отпад за селекција за јавно прометните површини.
Во втората испорака општинава ќе добие 8.318 канти од 120 литри, кои ќе бидат за потребите на домаќинствата.

Додека, до крајот на јуни месец Општина Прилеп ќе има на располагање 5 специјални возила за собирање и транспорт на отпад со капацитет од 12м3, 2 специјални возила за собирање на отпад со капацитет од 8м3, и 2 камиони со капацитет од 6м3 за транспорт на зелен отпад.

Комуналната опрема и новите специјални возила се доделуваат на општините со цел подобра услуга и справување со отпадот, но и почитување на принципите за селекција на отпад, со модел,, врата до врата”, кој модел во општинава се практикува од 2011 година.

Општина Прилеп и ЈКП„Комуналец“-Прилеп, најнапред треба да воведат мерки преку измена на Одлуката за комунален ред и мерки за нејзино спроведување, со цел населенито во целост да ги прифати европските норми и стандарди во селекцијата на отпад, а со тоа и да се остварат националните цели, кои ни се зададени од страна на ЕУ, а воедно преку остварувањето на целите да се затвораат и дел од Поглавјата во областа на животната средина.

Светот практикува селекција на отпад, ова од причини да не се трошат природните ресурси, и отпадот да се реупотребува.

Општинава со сите проекти е на добар пат комплетно да го реши управувањето со отпадот, и во идната Регионална депонија да се транспиртираат помали количини на отпад, зашто депонирањето во санитарни депонии барем според европските стандарди чини и пари.

Сето ова може да се пистигне само со добра организација, едукација, желба и дисциплина како институционална така и со граѓанска одговорност кон животната средина.

Можеби ќе ви се допадне