Заедно за почиста Тризла!

По повод претстојниот празник Рамазан Бајрам, ЈКП„Комуналец“ – Прилеп, и жителите од населбата Тризла организираат заедничка акција за чистење на населбата, на ден 15.03.2026(недела), со збирно место во 08:00 часот, пред џамијата. Во рамките на акцијата се одржа и координативен состанок со ВД. директорот Љуиша Јованоски и инцијаторите Алмир Сулејманоски и Сенат Шабаноски, лица кои ќе ја координираат целата доброволна ЕКО акција . Јавното комунално претпријатие „Комуналец“, ќе обезбеди контејнери за собирање на отпадот, потребен алат, транспорт за отпадот до депонијата во Алинци, заштитни ракавици и вреќи за собирање отпад. Во акцијата ќе учествуваат и вработени од јавното претпријатие

Во рамките на акцијата ќе се чистат и косат ромските гробишта, улиците во населбата, како и неколку локации со диви депонии и други јавни површини. Целта на оваа иницијатива е да се подигне свеста за значењето на чистата животна средина и заедничката грижа за местото во кое живееме.

Ги повикуваме сите жители на населбата Тризла, младите, семејствата и сите добронамерни граѓани да се приклучат на оваа акција и заедно да дадеме пример дека со заедничка работа можеме да создадеме почиста, поубава и подостоинствена средина за живеење. Оние граѓани кои нема да се приклучат кон акцијата им препорачуваме да извршат метење на улицата и тротоарот пред нивниот дом и отпадот да го одложат во домашната канта за мешан комунален отпад.

Да покажеме дека грижата за чистотата е одговорност на сите нас. Со мал придонес од секој поединец можеме да направиме голема промена за населбата.
Заедно за почиста Тризла!

Можеби ќе ви се допадне