Продолжува чистењето на Дабнички канал

По темелното чистење на камените sидови од Дабнички канал, кои беа обраснати со разни плевели, комуналците продолжуваат со механизација да го чистат речното корито. А, во него, нема што нема. Стари лонци, пластични буриња, јоргани, облека, Пет амбалажа, дури и бетонска шахта, откорната од лежиштето и турната во коритото.

Чистењето на Дабничкиот канал ќе продолжи во текот на целата недела. Заради влажноста на тињата и милот, отпадот се остава да се исцеди, а по исцедувањето ќе се транспортира до депонијата во Алинци. По ова ќе се пристапи кон прскање на камените sидови со Тотал, средство против плевели.

Од „Комуналец“, упатуваат извинување до жителите од околните куќи и станови, свесни за ризикот од критика заради оставениот отпад кој мора да се исцеди, но ова е едниствен начин за транспорт на ваков вид на отпад. Инаку, Дабничкиот канал се чисти на неколку наврати во текот на годината.

И покрај апелите дека сиот отпад, освен градежениот шут го собира „Комуналец“ со редовната линија, или со дополнителен транспорт по најава, лошите навики на одредени граѓани никако да престанат.

Можеби ќе ви се допадне