По врнежите, падна дотраената гранка во паркот кај Основниот суд

По укажување на инжењерите за хортикултура дека дрвото е со скапана срцевнина и веднаш мора да се демонтира куќарката направена врз гранките, рано утрово една од поголемите гранки падна.

Дрвената куќарка беше одмонтирана во текот на вчерашниот ден, а во текот на денешниов ден комуналците покрај падната гранка, комплетно ќе го сечат и старото и дотраено дрво кое е проценето дека е во крајно ризична состојба.

Ова дрво и монтираната куќарка врз него беа атракција за најмладите и требаше да се обнови во истата форма, но по укажувањето на стручните служби, старата куќарка беше комплетно одстранета, и одлучено ова дрво да се пресече во корен, а на местото да се засадат нови дрвја.

Можеби ќе ви се допадне