Светскиот ден на животните се одбележува секоја година на 4 октомври и ги обединува луѓето кои се залагаат и работат заедно за заштита и благосостојбата на животните.
Тоа е поводот денес за посетата на основното училиште “Климент Охридски” и интерактивно предавање за значењето на проблемот со бездомните кучиња, правилно постапување и работата на прифатилиштето.
Благодарност за гостопримливоста, вниманието и соработката.
Пораката на Прифатилиштето за кучиња ЈКП Комуналец по повод овој ден е:
Кастрација и Стерилизација на кучињата и мачките
Не само што е лесен и брз зафат, кучињата и мачките имаат лесно опоравување, а придобивките се големи и за сопствениците и за средината.
Кучињата се поздрави и подолговечни како резултат на промената на хормонални статус во организмот.
Со тоа се спречуваат несаканите легла и многу здравствени проблеми на репродуктивните органи, а бројноста на бездомните кучиња и мачки значајно се намалува.
Првиот светски ден на животните се одржал на 24 март 1925 година, во Берлин, Германија. На првиот настан присуствувале повеќе од 5.000 луѓе. Основан е од писателот и активист за животни Heinrich Zimmermann, автор на книгата Човек и Куче.
4 -ти октомври е празник на Francis Assisi светец заштитник на екологијата и животните. Празникот е вообичаен ден за католичките цркви кои одржуваат церемонии за чествување на животните.Тој можел да разговара со животни, поради што е прикажан во бројни уметнички дела опкружени со животни.
На 4 -ти октомври, под трендот #WorldAnimalDay на социјалните медиуми низ целиот свет се одржуваат повеќе од 1.000 настани секоја година. Светскиот ден на животните има 90 амбасадори во повеќе од 70 земји, од Андора и Австралија до САД и Зимбабве.
Се организирааат голем број настани за одбележување на Светскиот ден на животните, вклучително и настани за подигање на свеста и едукација, денови за отворање на Прифатилишта, настани за посвојување миленичиња, со цел да се привлече внимание кон благосостојбата на животните.


