Прес на Рубин Абрашоски

Почитувани новинари,

Ви благодарам што денеска дојдовте на оваа прес конференција за прилепската и македонската јавност да ја дознае вистината од рубриката како што ја нарекуваат од политичката партија „Верувале или не“. Денеска се искажани невистини по однос на моето работење, односно толерирање кон управителот на Терминал ДООЕЛ, Мартин Ачкоски. Истиот е разрешен од управител на 31.08.2022 година, на седница на Управниот oдбор. Не се точни тврдењата дека јас како директор на „Комуналец“, сум дозволил работа од далечина, односно веднаш од кога дознавме за моменталното работење и функционирање на Терминалот, го повикав претсдателот на Управниот одбор да свика седница, со точка на дневен ред: Разрешување на управителот на Терминал – Комуналец ДООЕЛ Прилеп. Јас како дитектор на,, Комуналец’’, немам ингеренции да се мешам во финасиско – техничката работа на доелот, но имам обврска како прв човек на „Комуналец“, да го заштитам имотот на претпријатието.

Верувале или не, на седницата на која беше поставена точка на дневен ред разрешувањето на управителот Мартин Ачковски, нивниот член во Управниот одбор,односно лице кое е во врвот на партијата на СДСМ, гласаше воздржано, а истите прават прес конференции каде ме обвинуваат мене и градоначалникот Јовчески за неодговорност. Малку и повеќе е оваа ситуација од рубриката „Верувале или не“. Можеме слободно да се сомневаме дека Мартин Ачкоски, е донесен кадар од СДСМ да конкурира на објавениот оглас, каде беше и единствен кандидат, за потоа да си замине да работи во Хрватска. Искрено, не чувствувам никаква одговорност за неговото несовесно и некоректно однесување кон вработените, но и кон мене, затоа и истиот беше разрешен.

Не е точно дека се правени некви исплати и договори за кое споменуваат од СДСМ, зашто Комуналец и Терминалот имаат врзани потписи, и не може без моја согласност да се изврши никаква трансакција, ниту да се склучи и потпише Договор.

Уште еднаш да потенцирам, Ачкоски беше единствен кандидат на конкурсот, како предлог на сите вработени од Терминалот, кои пак, донесоа петиција и која беше разгледувана пред Управниот одбор, со молба Ачкоски да биде избран за управител.

Верувале или не, од ова сето СДСМ сака да направи пародија, а со тоа и да се аманстираат од одговорност за недомаќинското работење во нивното 4 годишно владеење. Имено, Терминалот до 2017 година се градеше, се работеше, вработените земаа редовно плата, а во тоа време, односно времето на ВМРО ДПМНЕ, Терминалот немаше никава загуба, односно во Терминалот беа инвестирани над 30.000.000,оо милиони денари за да прерасне во најмодерен Терминал во државава. Дури отидоја дотаму што тогашниот управител Бранко Топчиоски, кадар на СДСМ, тогашен управител, вешто поднесе оставка од управител, за СДСМ да го награди со место раководител на Одделение на Градските гробишта.

Сега низ бројки, зашто ние не се служиме со нивните пародии, како комуникации со вибери, наметнати кандидати и сопки на секој чекор.

ЕВЕ ГИ БРОЈКИТЕ во загуба и побарувања. Од рентабилна и стабилна фирма до 2017 година, Теминалот во 2020 година бележи загуба од 2.544.021,00 денари. 2021 година Терминалот ја завршува финасиката година со загуба од 2.499.о60,00 денари. Односно пак, во 2020 година Терминалот кон доверители должи 8.916.749,00 денари, а пак 2021 година, односно владеењето на СДСМ, Терминалот звршуваа со долг кон доверителите од 10.592.557,00 денари. Или, целосен колапс и осакатување на фирмата.

Од сето ова како и неплатеното ДДВ, и даночните обврски, Терминалот веднаш беше блокиран 10 дена по моето назначување. За кое недомаќинско работење станува збор и за кои обвинивања кон мене не ги разбирам политичарите од СДСМ, односно партијата „Верувале или не“, кога вработените ги довеле до работ на гола егзистенција, а ни оставија нам да гаснеме пожари. Она што во моментов можам да го кажам но да помогнам се исплатите кои се прават од Комуналец кон доелот, со цел вработените да земат плата, да им се исплатат придонесите и да им се помогне самите да продолжат да работат и функционираат.

Она што пак во моментов можам да го ветам од мое име, како прв човек на Комуналец, дека наредниов период, односно, за кратко време ќе излеземе со конкретни мерки и предлози за Терминалот, кој го заживуваме и мора да го извлечеме со правилни деловни политики, а по катасрофалното работење изминатите 4 години, кога од рентабилна фирма направија фирма загубар, за сега да држат прес конференции со кои мислат дека ќе се амнестираат од одговорноста која ќе им биде побарана.

Можеби ќе ви се допадне