Паркот Могила нагрден од непознат бизнис сторител

Да се згрози човек од бизнис постапката.

Убавините на паркот Могила, нагрдени од непознат бизнис сторител, а по составот и видот на отпадот очигледно е дека се работи за отпад од пилјара, или малопродажен објект. Картон, пластични и дрвени гајби, отпадни гуми и што ли уште не.

Комуналец го отстранува отпадот од паркинг просторот.

И покрај нашите апели дека комуналниот отпад може да се депонира бесплатно во депонијата Алинци до 15 часот во работен ден, оваа појава на неконтролирано исфрлање на отпад никако да запре.

Депонијата од градот е оддалечена 11км. или, секое возење до било кој дел надвор од градов каде се одлага на диви депонии, има толку километри.

Логиката ќе рече дека постапките се намерни, а целта е нагрдување и загадување на животната средина.

Не е разумно, ниту човечно, а најмалку домаќински, цели камиони отпад да се одлагаат во најрепрезентативниот парк во градов.

Уште повеќе револтира фактот што поголемиот дел од отпадот може да се селектира

Можеби ќе ви се допадне