Биди ЕКОЛОШКИ ХЕРОЈ, вклучи се во кампањата „ЧИСТО Е УБАВО“

ЧИСТО Е УБАВО!

Кампања и повик до граѓаните за вклучување во селекцијата на комунален отпад со две бесплатни кЗаедно создаваме почист Прилеп!

ЈКП „Комуналец“ – Прилеп ги повикува сите граѓани да се вклучат во системот за селекција на комунален отпад и да станат дел од позитивната промена за почиста и поздрава животна средина.

🎁 Секое домаќинство што ќе се вклучи ќе добие две бесплатни канти:

🟡 Жолта канта – за сув отпад

🟢 Зелена канта – за влажен отпад

🟡 Во жолтата канта одлагаме:

✔️ пластична амбалажа

✔️ хартија и картон ( не тоалетна хартија)

✔️ метални лименки и боци

✔️ сите видови пластичка амбалажа од хемиски производи

✔️ Детски пластични играчки без примеси

✔️ Пластично пакување од јогурт и пластични чаши( не терапак)

✔️ чиста амбалажа што може да се рециклира со препознатливиот знак♻️

🟢 Во зелената канта одлагаме:

✔️ остатоци од храна

✔️ лушпи од овошје и зеленчук

✔️ талог од кафе и кесички од чај,

✔️ зелен отпад и др.

✔️ валкана хартија што не може да се рециклира;

✔️ тоалетна хартија и марамчиња;

✔️ памперс пелени;

✔️ друг мешан комунален отпад што не е наменет за рециклирање.

❗ Во кантите не се одлага стаклена амбалажа, градежен шут, батерии, електричен и електронски отпад, медицински и друг опасен отпад.

Зошто е важна селекцијата?

Повеќе рециклирање

🌍 Помалку отпад на депонија

🌱 Почиста животна средина

💚 Поздрав Прилеп за сите нас

Во изминатиот период ЈКП „Комуналец“ – Прилеп постигна значајни резултати во развојот на системот за селекција преку поставување инфраструктура за одделно собирање на отпад, континуирана едукација на граѓаните и зголемување на количините на рециклабилен отпад. Овие резултати се потврда дека заедно можеме да направиме голема разлика.

Селектирај отпад, како игра, со мали чекори за големи резултати во животната средина.

И запомнете,

ЧИСТО Е УБАВО!

Можеби ќе ви се допадне