Над 1000 најлонски вреќи собрани со вчерашната акција, во организација на Локалната самоуправа и ЈКП„Комуналец“ – Прилеп. Со акцијата беа опфатени неколку локации во околината на Прилеп, каде доброволците кои чистеа, беа згрозени од гледката пред себе, уништувањето и загадувањето на животната средина.
Ваквите акции се корисни, зашто општините немаат ангажирани служби за вакво чистење во природа, а кога би имале, тоа повторно треба да го платат граѓаните.
Нашите искуства од Европските држави говорат дека примената на казните, пријавите од граѓани до надлежните, самоиницијативно чистење и одржување на околината со спроведување на големи акции, во организација на градовите, населените места, бизнис секторот, НВО и здруженија, но пред се културата на живеење и навиките, го даваат впечатокот на чисти, убави и зелени држави.
Додека кај нас, не проработи свеста и совеста за чиста средина, со навики, дека секој отпад си има свое место, ќе гледаме неубави, преполни со ѓубришта градови, села и природа.
Наместо да се намалуваат службите во комуналните претпријатија, што е практика во светот, заради навиките на граѓаните, кај нас постојано треба да се зголемуваат, а со тоа се трошат поспотребни пари, кои можат да се искористат за секакви општи добра.