Од запуштена ливада до прекрасно катче за рекреација, спорт и одмор!
Паркот пред спортската сала „Македонија“, со скејт парк доби целосно нов лик! Просторот кој некогаш претставуваше запуштена ливада, денес е уредено, современо и атрактивно катче, наменето за сите генерации.
Со заеднички ангажман на Општина Прилеп и ЈКП „Комуналец“ – Прилеп, реализирана е комплетна рехабилитација и уредување на просторот, со цел создавање пријатна и функционална урбана целина.

Во рамките на активностите е поставено ново осветлување, инсталирана е водоводна мрежа, поправена и бојадисана е урбаната опрема, а целосно е реновирана и фонтаната, која повторно ќе биде украсен белег на овој простор.
Посебно место во уредувањето има и скејт-паркот, кој на младите им овозможува простор за спорт, дружење, рекреација и активно поминување на слободното време.
Сд замолуваат граѓаните, а посебно младата популација, скејт паркот да не го користат за пишување графити, да го чуваат чист и уреден.
Заедно можеме многу повеќе, зашто чисто е убаво!