СЕКТОР ЗА ОПШТИ И ПРАВНИ РАБОТИ

– Одделение за општи и правни работи
– оддел за правни работи,
– оддел за општи работи
– оддел за премер;

– Одделение за јавни набавки

СЕКТОР ЗА ОПШТИ И ПРАВНИ РАБОТИ -работи и работни задачи

Со Секотор за општи и правни работи раководи раководителот на секторот за општи и правни работи.

Во овој сектор е опфатено целокупното општо и правно работење на претпријатието, изготвување на на нацртите и предлозите на Статутот и другите подзаконски и општи акти на претпријатието, изготвување на материјалите за пред управните органи на претпријатието, застапување на претпријатието пред судовите и другите органи, функционирањето и усоглусавуањето на цалокупното архивско работење, примената на законската регулатива од областа на јавните набавки, спроведување на постпаки за јавни набавки и водење на евиденција за јавните набавки.
Секторот за општи и правни работи ги опфаќа : Одделението за општи и правни работи и Одделението за јавни набавки.

Одделението за општи и правни работи согласно позитивните законски прописи ги опфаќа работите поврзани со правата и обврските на вработените, целокупната правна работа на претпријатието пред судовите и другите државни органи, изготвување на актите на претпријатието, како и целокупното архивско работење.

Одделението за општи и правни работи опфаќа оддел за правни работи, оддел за правни работи и оддел за премер.

Во ова одделение се вршат следните активности:

– изготвување на решенија од областа на правата и обврските на вработените,
– изготвување на тужби, платни налози, жалби, приговори и други акти за пред судовите и другите органи,
– изготвување на предлог акти на претпријатието, изготвување на записници, одлуки и други акти на органите на управување,
– застапување и претставување пред судовите и другите органи по претходно прибавено полномошно од директорот на претпријатието,
– го организира функционирањето и усогласува архивското работење,
– го организира прибирањето, средувањето, чувањето и отуѓувањето на целокушната документација на претпријатието.

Во одделението за јавни набавки се спроведува целокупната постапка за јавни набавки согласно законската регулатива и во соработка со Бирото за јавни набавки.

Одделението за јавни набавки ги опфаќа следнте работи:

– следење и примена на законската регулатива од областа на јавните набавки,
– спроведување на постапка за јавни набавки,
– составување на решенија, договори и согласности за јавни набавки,
– изготвување на огласи за јавни набавки и тендерска документација,
– вршење на проверка на исравноста на фактурите доставени врз основа на склучени договори за набавки и нивна усогласеност со испратниците односно работните налози и порачките,
– водење на евиденција за јавните набавки што се вршат по видови на постапки,
– врши тековна контрола на цените од фактурите доставени од економските оперратори.

Раководител на сектор за општи и правни работи
Звонко Ивчески- дипломиран правник
тел: 048/428-992
моб: 071/237-054
komunalecprilep@yahoo.com
presskomunalec@yahoo.com
ivceski@yahoo.com