СЕКТОР ЗА ФИНАНСИСКО РАБОТЕЊЕ

– Одделение за финансии
– Одделение за сметководство
-. Одделение за комерција
– Одделение за АОП;

СЕКТОР ЗА ФИНАНСИСКО РАБОТЕЊЕ- работи и работни задачи

Со Секторот за финанскиско работење раководи раководителот на секторот за финансиско работење.

Во овој сектор опфатено е целокупното финаниско и книговодствено работење во претпријатието, припремата на целокпуната документација, организирање, правилно книжење на касовите извештаи, пресметката на бруто плата, влезните фактури од добавувачите, контролирање на налозите за книжење на доспеаните ануитети, заклучници, фактури за извршени услуги на надворешни купувачи, фактури за интерна реализација, потрошувачка на судовини и материјали, ситен инвертар и изготвување на периодични и завршни сметки.

Секторот за финансиско работење ги опфаќа : Одделение за финансии и Одделение за сметководство, Одделение за комерција и Одделение за АОП.

Одделението за финансии ја опфаќа изработката на целокупната финансиска документација, нејзино евидентирање, контролирање и книжење и ги врши следните работи :

– прибирање на целокупната сметководствена евиденција и контролирање на истата,
– изработка на фактури, книжење и контирање на сите документи,
– прибирање на дневниот промет и негово евидентирање,
– изработка на статистички извештаи, периодични пресметки и завршни сметки,
– врши периодичен и годишен попис на целокупниот имот на претпријатието и усогласување со книговодствената евиденција,
– врши пресметување и исплата на плата и сите други надоместоци што произлегуваат од работен однос и редовно работење,
– изготвува месечни и годишни извештаи за приходи и расходи и статистички извештаи за државните институции,
– изготвува годишен план за приходи и трошоци за наредна година, изготвува годишен извештај со анализа за минатата година, изготувува месечни планови за приходи и трошоци, изготвува месечни извештаи за месечен приход и расходи со анализа.
– Одделението за сметководство го организира сметководственото работење во претпријатието од прием на фактури од архива до нивно распоредување на сметководството и го следи извршувањето на плановите за работа и развој, изготвувајќи анализи и истите ги доставува на разгледување до управните органи.

Одделението за комерција изготвува у врши анализа на прилив и одлив на средства и дава предлози за подобрување, како и

– врши достава и наплата на сметки за ѓубретарина до физичките и правните лица,
– врши контрола на пријавени корисници и површини.
– Одделението за АОП ја организира работата со матичната евиденција на корисниците на услуги и обезбедува сметки за физички и правни лица.

Помошник директор за економско правни работи
Снежана Николова- магистар по економски науки
048/428-992
071/340-330

Раководител на Сектор за финасиско работење
Снежана Трумпеска- магистар по економски науки
071/348-679
[email protected]
[email protected]