Големи количини отпад се чистат над населбата Кузман, на празниот простор помеѓу куќите и Регионалниот пат.
Во населбата ќе се чисти и наредниве денови, зашто количините на исфрлен отпад се големи.
Жителите од крајните куќи реагираат на ваквата појава, и велат дека со години се исфрла отпад на овој простор од жителите од внатрешноста на населбата.