Нова пратка контејнери за селекција на стаклаена амбалажа

Покрај поставените 15 Игло контејнери за селекција на стаклена амбалажа, ЈКП„Комуналец“ – Прилеп, како најдобро претпријатие на ниво на држава за селекција на отпад, доби уште 30 Игло контејнери.

Истите ќе бидат поставени во текот на неделава по Јавно прометните површини низ градов. Со оглед на разместеноста на контејнерите во централното градско подрачје и во сите населби во градов се замолуваат граѓаните истите да ги користат за одлагање на стаклена амбалажа, зашто истата исфрлена на депонија или во природа е неразградлива.

ЈКП„Комуналец“ – Прилеп, од Пакомак, доби и картонски корпи за селекција на хартија и отпад од пакување. Сите заинтересирани институции и фирми кои сакаат да ја селектираат хартијата во нивните простории да се обратат во канцелариите на ЈКП„Комуналец“ – Прилеп, или на телефон 048/ 428- 992. Картонските корпи за селекција се идеални за сместување во ходниците во институциите и фирмите и истите се бесплатни и се со намена за канцелариска селекција на хартија.

Или, градов располага со 472 контејнери за мешан комунален отпад, 415 контејнери за хартија, Пет, пластика , најлон и отпад од пакување и 45 игло контејнери за селекција на стакло.

  1. Контејнери за мешан отпад
1,1 м3 = 472 парчиња
  1. Контејнери за ПЕТ, хартија, најлон
1,0 м3 = 415 парчиња
  1. Контејнери за стаклена амбалажа
      45 парчињ
  1. Контејнери по фирми, болница и др.
7,0 м3 = 28 парчиња
  1. Контејнери за градежен шут / земја
5,0 м3 = 18 парчиња
  1. Корпи за јавни површини
3-7 л = 1.500 парчиња
  1. Канти за примарна селекција (набавени)
120 л = 18.261 парче
Можеби ќе ви се допадне