Купишта комунален отпад, градежен шут и што ли уште не е исфрлено во Дабнички канал и вдолж по улицата Дабнички завој. Комуналците денеска чистат по оваа улица и лично се комуницира со граѓаните со цел да се намали или спречи оваа немила појава. Дабничкиот канал пак во коритото е затрупан со отпад, иако комплетно се чистеше и во 2022 и 2023 година.
И покрај напорите навремено и од секоја куќа да се подигнe отпадот од домаќинствата од Одделението за подигање и транспорт на отпад, улицата Дабнички завој е затрупана во отпад. Не помагаат ниту молбите ниту едукацијата лице во лице со граѓаните.
И додека се чистеше улицата, а на која само пред половина час помина комунално возило да го собере отпадот од домаќинствата од соседните улички, дечиња со канти за отпад, пакети полни со отпад имаа намера да го истурат отпадот на банкините.
На прашањето зошто не го даваат отпадот да го собере возилото за собирање и транспорт на отпад, велат дека тие секогаш го истураат тука, а доколку не му дозволиме да го истурат ќе го однесат до најблискиот контејнер, тоа значи контејнерите пред касарните кои исклучиво служат за жителите од зградите.
Посакавме да поразговараме и да им објасниме дека отпадот исклучиво и задолжително мораат да го даваат на вработените од „Комуналец’ не бевме ниту разбрани, ноту ислушани.