Комуналните работници ја исчистија и дивата депонија на ул„Андон Слабејко“ кај железничкиот мост. Освен градежен шут на оваа дива депонија е исфрлен и друг комунален отпад.
Се замолуваат граѓаните да ги користат услугите на јавното претпријатие и да станеме свесни и разумни дека убавината на живеењето е во чиста и здрава животна средина.