Искосени и уредени градските гробишта, од утре се продолжува во неурбанизираниот дел од речното корито

И покрај временските неприлики, и високо израснатата трева заради брзата вегетација, комуналните работници ги искосија и уредија Градските гробишта.

За престојниот празник Духовден, гробиштата се комлетно уредени со дополнителен неделен и празничен ангажман од вредните комунални работници.

Јавното претпријатие се соочи со критики, некои дури и невкусни, со цел негативно да се влијае на угледот на јавното комунално претпријатие, иако вистината секогаш има две страни.

Комуналниите работници од утре, иако е празничен неработен ден, продолжуваат со косење во речното корито, поточно во неурбанизираниот дел од речното корито. Да се надеваме дека временските услови ќе послужат, со цел да се искосат и овие проблематични делови за кои се крена толку многу фама, иако во архивата на Комуналец стои дека години наназад овие делови се косат и коселе крајот на мај, почетокот на јуни месец, односно кога завршува второто косење на гробиштата.

И еден апел, работата на комуналните работници зависи од многу фактори, пред се фактор време, а за да се изврши услугата се работи во врнежливо време, во екстремно ниски и високи температури.

„Комуналец“, не е Фејсбук, „Комуналец“, е организирана фирма која опслужува километри и километри јавно прометни површини, паркови, детски игралишта, градски гробишта, други спортски објекти и излетнички места, и годишно управува со над 30 илјади тони отпад.

Или, „Комуналец“, располага со 241.772 м2 парковски површини, 64.000м2 стадиони, 35.780м2 речно корито, 35.044м2 речно корито неурбанизиран дел и 13.000м2 излези со тревна површина, други излетнички места и туристички патеки.

Градските гробишта на Песјобрдце се со површина за одржување од 151.000м2, 3.693м2 паркинг простор и 15.000м2 патеки.

Уште еден податок, до 2021 година во „Комуналец“, биле вработени 420 лица, денешната бројка е 373 вработени, или 47 вработени помалку, а најмногу процентот на намалување на вработените е кај административните вработени. Разликата во вработени е огромна, оперативната работа е подобрена.

Останатото е дневна политика и Фејсбук грижа.

Можеби ќе ви се допадне