Иако месното население од Големо Коњари се грижи да го зачува паркот и да нема оштетувања, сепак временските услови си го прават своето.
Комуналните работници извршија поправка и бојадисување на дрвените огради, клупите, детските реквизити и корпите за отпадоци. Овој прекрасен парк е подготвен за летно уживање и релаксација.