На новите градски гробишта се постилаат пристапните патеки со гребан асфалт

Со сопствена механизација и расположивите човечки капацитети, ЈКП„Комуналец“ – Прилеп, на Новите градски гробишта врши постилање на пристапните патеки со веќе употребуван асфалт. Комплетно е завршена работата на полето кое носи ознака „Е“, а моментално се работи на полето со ознака „М“.

Активностите ќе се извршуваат неколку денови.

Употребениот асфалт го овозможи Локалната самоуправа, од рехабилитацијата на градските улици.

Локалната самоуправа и „Комуналец“, планираат сите количини од гребан осфалт од рехабилитацијата на градските улици да се транспортираат на Новите гробишта. Мал дел од количините ќе се транспортираат и на депонијата во Алинци, а за потребите за подобар пристап на комуналните возила за зимското депонирање на отпад.

Овие активности ќе продолжат и во 2024 година.

Можеби ќе ви се допадне