Исчистена дивата депонија на патот за Мажучиште

И покрај тоа што „Комуналец“ веќе шеста години го собира отпадот од 14 населени места, во кои е и Мажучиште, a по принципот „врата до врата“ сепак, несовесни граѓани изминатиов период отпадот го истураа на паркингот од Регионалниот пат Прилеп – Македонски брод.

Денеска оваа депонија беше исчистена, со цел да се ослободи паркинг просторот на патот, додека помалите диви депонии на просторот под Песјобрдце ќе се чистат во наредниов период.

Можеби ќе ви се допадне