Комуналните служби извршија комплетно косење на зелените површини на Старите и Нови градски гробишта. Се врши и комплетно чистење на асфалтните патеки, пристапните патеки, ободните канали, контејнерите и кантите за отпадоци.
Се замолуваат граѓаните кои деновиве ќе извршуваат чистење на гробното место, отпадот да го одложуваат во контејнерите на главната патека, или на места определени за таа намена, додека за поситен отпад да се користат корпите за отпадоци.
Должност на Комуналец е да ги одржува чисти површините на гробиштата, додека должност на граѓаните е да извршат фино чистење на гробното место.

Воедно, се информираат граѓаните дека главната порта за автомобили на гробиштата е затворена, а ќе биде затворена и за време на Велигденските празници. Од страна на стражарската служба се пропуштаат само возила за време на погреб или помен, операторите за вршење на погреб, и каменорезци кои работат на гробиштата, а кои имаат Дозвола за вршење на таа дејноста.
Затворањето на капијата предизвика поголем револт кај одредени граѓани, но ставот на Комуналец е од потребата да се воведе ред на гробиштата, а за секој влез можат да се користат најблиските 15-сетина пешачки порти од обиколниот пат, или од патот кој води кон манастирот Трескавец.











