Почитувани,
Со цел заеднички да допринесеме за чист и уреден град доколку можете проследете ја информацијава.
Поради поголеме количина на создаден одтап од домаќинствата пред Велигденските празници ЈКП„Комуналец“- Прилеп, ги информира граѓаните дека поставени се контејнери од 5м3 на следните локации:
- пред мостот кај касарните
- пред интернатот
- наспроти Авто мото сојузот
- позади паркот кај Основниот суд
- и позади спорстката сала Македонија
Се она што неможе да се собере со редовната линија за подигање на отпад се замолуваат граѓаните да ги користат овие контејнери.
Воедно, за отпад од текстил да ги користат видно обелажаните контејнери од Колективниот попстапувач Тексомак распределени на 15 локации во градов. Додека за стаклена амбалажа да ги користат Игло контејнерите од Колективниот постапувач Пакомак.
Во контејнерите од 5 метри кубни да не се одлагаат поголеми количини од градежен шут. За ваков вид на отпад од домаќинствата и фирмите на располагање се контејнери од 5м3 по цена од 1360 ден, и трактор од 2 метри кубни по цена од 630 денари.
За габаритен отпад граѓаните можат да користат бесплатна услуга и да се обраќаат на тел. 048/428-992. Истиот ќе се подигне на 24 и 25 април.
Се замолуваат граѓаните да ги почитуваат правилата за одлагање на отпад, со цел заеднички да создаваме здрава и чиста животна средина.