Почитувани корисници на услугите од ЈКП „Комуналец“ – Прилеп
На ден 17.04.2025 година (Велики четврток) нема да се извршува бесплатната услуга за собирање на габаритен отпад од домаќинствата. Ова од причини што по двонеделното непрекинато врнежливо време, комуналците имаат голем број на оперативни позиции кои треба да ги завршат до Велигденските празници.
Граѓаните што ќе се пријават за оваа бесплатна услуга, истата ќе ја користат на ден 24.04.2025 година(четврток).
Уште еднаш напоменуваме дека оваа бесплатна линија за габаритен отпад е воведена со цел да се помогне на граѓаните кои имаат за отсранување по некое парче габаритен отпад. Но, одредени граѓани почнаа да ја злоупотребуваат оваа бесплатна услуга при реновинање на стан или куќа, и ја користат за отстранување на сиот габаритен отпад и сета стара покуќнина. Па така се исфрлаат цели картони со стаклена амбалажа, голема количина на текстилен отпад и др, за кои е обезбедена комунална инфраструктура распределена низ градов.
Да напоменеме дека стаклената амбалажа која сте ја чувале во визбите можете да ја исфрлите во звоно контејнерите од Пакомак, поставени на 58 локации низ градов. Додека текстилниот отпад во контејнерите од колективниот постапувач Тексомак во плава боја со ознака за одлагање на текстилен отпад и заштитниот знак Хипо.
Доколку се работи за исфрлање на цела покуќнина, граѓаните имаат можност да нарачаат контејнер од 5м3 по цена од 1360 денари, или самоницијативно бесплатно да го однесат со сопствен превоз во депонијата во Алинци. За депонирање на отпад од физички лица услугата за депонирање е бесплатна.