Две фотелји во бистрата вода

Денеска две фотелји пливаат во бистрата вода на исчистениот Дабнички канал.

Исфрлен мебел во исчистениот Дабнички канал, по крајот на банкините иако исчистено фотографиите говорат како никогаш да не било чисто.

Нема решение, ниту спас за отпадот кој се создава и исфрла од несовесни граѓани по ул„Дабнички завој“. Слика 1, 2, чистење покрај банкините на Дабнички канал од страна на комуналните работници и чистење на Давнички канал со градежна механизација. Слика 3 и 4 денешна состојба како и никогаш да не било чистено. Отпад на оваа локација се одлага во енормни количини. Не е подобра ниту состојбата со поставените контејнери пред мостот кај касарната.

Овие контејнери се поставени за станарите од станбениот блок, дополнително се постави и контејнер од 5 метри кубни. И повторно сликата е разочарувачка.

Секојдневно контејнерите се дел превртени, дел скоро испразнети и сиот отпад се најдува надвор од контејнерите. Наутро рачно се собира од комуналните
работници.

Не упатуваме повеќе ниту апел, ниту молба, зашто тоа не помага. Улицата затрупана со отпад ќе се исчисти од страна на комуналните работници.

До кога?!

Можеби ќе ви се допадне