Два нови проекти со потребна механизација и алат за работа за ЈКП„Комуналец“ – Прилеп.
Локалната самоуправа обезбеди финансиски средства за реализација на два нови проекти, одобрени од Министерството за локална самоуправа – Биро за регионален развој, во рамките на Програмата за рамномерен регионален развој за 2025 година.
Првиот проект „Подобро одржување на зелените површини во Општина Прилеп“, е со финансиска поддршка во износ од 2.500.000 денари, преку Повикот за развој на урбаните подрачја и одржлив урбан развој.
Со овие средства ќе се набави нов мини багер, кој значително ќе придонесе кон поефикасно и континуирано одржување на јавните зелени површини.
Вториот проект „Пошумување на споменикот на природата Маркови Кули, заради воспоставување стабилност на еколошките процеси и биолошката предeлска разновидност“, е поддржан со 2.000.000 денари, преку Повикот за развој на подрачјата со специфични развојни потреби. Проектот предвидува набавка на трактор со приколка, дупчалки за ископ за пошумување, рачен алат, и дополнителна опрема неопходна за успешно пошумување и заштита на овој важен природен локалитет.
Договорите за двата проекти се потпишани, и по извршувањето на јавните набавки, механизацијата ќе биде предадена на ЈКП „Комуналец“ – Прилеп, по што ќе започне спроведување на планираните активности на терен.