Постапка за селекција на отпад

ИЗВЕСТУВАЊЕ до граѓаните и бизнис секторот!

Уште еднаш да ја повториме постапката за селекција на отпад и правилното третирање и управување со отпадот.

Почитувани, да Ве потсетиме кои отпадни материјали се селектираат во сувата постапка( плави и жолти контејнери поставени по ЈПП, станбени објекти, институции и бизнис секторот и жолта канта во домаќинствата)

  • картон и хартија ( не и марамчиња и тоалетна хартија)
  • сите видови најлон ( не и кеси за еднократна употреба)
  • ПЕТ амбалажа
  • сите хемиски производи спакувани во пластична амбалажа кои го имаат знакот за рециклирање
  • пакување од кечап кој го има знакот за рециклирање
  • плински боци и боци од парфеми, и сите видови лименки
  • пластични чаши и шишиња од јогурт
  • сите видови пластичен прибор од домаќинство ( не и прибор за брза храна и чаши за еднократна употреба)
  • доводни и одводни пластични цевки
  • ролетни, туби, стари пластични буриња, пластични столици и гајби
  • детски пластични играчки без други примеси

Препорака за домаќинствата
Пакувањето мора да го има заштитниот знак дека амбалажата е за рециклирање.
Доколку отпадните пластични предмети не ги собира во жолатата канта и се погабаритни, оставете ги до нејзе. Комуналните служби се должни да ги соберат. Поголем проблем во селекцијата на отпад во нашава општина се појавува во контејнерите за селекција на отпад, каде најчесто во плавите контејнери ( хартија и картон) и жолтите ( ПЕТ и пластика) се одлага и мешан комунален отпад, цели јоги, градежен шут и зелен отпад. Ги замолуваме граѓаните, а посебно бизнис секторот од малопродажба отпадот да го одлагаат селектиран.

Маркетите и сите малопродажни објекти се информирани и лично дека отпадот од картон имаат обврска да го сплескаат( наредат и одложат во контејнерите за селекција.

Воедно, стаклената амбалажа исклучиво да се одлага во зелените ИГЛО контејнери распоредени низ градов. Соберете стаклена амбалажа и еднаш во месецот одложете ја во контејнерите за таа намена. На територијата на град ги има на 52 локации. За собирање на стаклената амбалажа задолжен е Колективниот постапувач Пакомак.

Отпадот од текстил( стара облека, перници, јоргани, постелнина, теписи и др. производи исклучиво од текстил), одложувајте ги во плавите контејнери кои ја имаат ознаката со ХИПО. На територијата на градов ги има на 15 локации кои се поставуваат само во среда. За овој вид на отпад задолжен за собирање е Колективниот постапувач Тексомак и следете ги информациите на нивната ВЕБ страница кога ги поставуваат контејнерите ( ден во неделата)

За градежен шут и отпад од градење на располагање се контејнери од 5м3 – 1360,оо ден. и трактор од 3 м3 со симбилична цена од 630,оо ден.

Можеби ќе ви се допадне