Користење на жолта и зелена канта

ЈКП „Комуналец“ – Прилеп, ги информира граѓаните кои имаат потпишано Договор со јавното претпријатие за користење на жолта и зелена канта и вклучување во процесот на селекција на отпад, можат слободно да ги подигнат од 07:00 до 15:00 часот, од стопанскиот двор на „Комуналец“ на ул„Трајко Николоски“ ББ, населба Сточен пазар.

Воедно, се информираат граѓаните дека во жолтата канта можат да одлагаат: картон, хартија (не валкана хартија од храна), ПЕТ амбалажа и друга пластика без примеси, најлон (не кеси за еднократна употреба), боци, лименки, пластични играчки без примеси, сите пакувања од хемиски производи на кој го има знакот за рециклирање ♻️. Доколку имаат по габаритни производи од пластика: гајби, туби, буриња, пластични цевки и ролетни, пластични столици и др. истите добро спакувани или врзани, можат да ги остават до жолтата канта.

Се замолуваат граѓаните доколку имаат било каков проблем да се јавуваат на тел. број.: 048/428-992, да пишуваат на електронската адреса: presskomunalec@yahoo.com, или во рубриката: Пријави ѓубре на ВЕБ страната: https://komunalecprilep.com.mk/pri-avi-ubre/

Можеби ќе ви се допадне