Точила е позната населба за исфрлање на отпадоци од прозори и балкони. Исфрлачите често ја погодуваат целта најлонот со отпадоци да падне на земја, но има случаеви кога најлоните се закачуваат на гранките од дрвјата. Комуналците редовно собираат околу зградите вакви „отпадни бомби“ и реагираат до станарите. Но, реакцијата од, за серќа, многу мал на граѓани е „Вие за што земата плата“.
Иако Точила важи за една од уредените и редовно одржувана населба, лошите навики никако не можат да се надминат. Одредени граѓани се обраќаат до „Комуналец“ и коментираат како им дава душа да исфрлаат отпад од прозори, кога целиот комплекс со згради се одржува до префекција, и бараат од нас да преземеме санкции спрема сторителите.
Уште еднаш да кажеме дека ингеренциите на „Комуналец“ се да одржува јавни површини, и нема надлежност за санкции, освен укор до сторителот, а народ рекол, невиден арамија поголем од кадија.