Не поминаа ниту два месеци од комплетната генералка во населбата Тризла, Дабнички пат и други локации, сликата е разочарувачка. Стар мебел, пластични предмети, остатоци од електрични и електронски апарати, овчји кожи и што ли уште не, се распослани од двете страни на овој колски пат и околу споменичното обележје.
Денеска комуналците беа посветени да ги собираат овчјите кожи низ населбата и по колскиот пат, по принесувањето на курбанот за празникот Курбан Барјам.
Иако за оваа намена населението беше информирано дека се поставени посебни контејнери кај џамијата и исклучичиво ќе користат за отпад од животинско потекло, сепак, несовесните граѓани кожите ги расфрлиле низ населбата и по колските патчиња.
За утрешниот ден ќе се организира и поголема акција за комплетно чистење на овие локации од сиот отпад. Од Комуналец, велат дека иако временските услови не им се во прилог, тие мораат овој отпад да го исчистат, зашто меѓу габараитниот отпад има премногу отпад од животинско потеколо, кој исфрлен неконтролирано во природа, може да допринесе за појава на заразни болести.