Предуслов за секој парк пред да се гради е да има обезбедено техничка вода за наводнување. Во Врбејско маало, Комуналците работат на поставување на исталација за техничка вода и за осветлување за потребите на паркот.
Паркот е наречен „Парк на мермерните статуи“, но покрај големото богатство од мермерни статуи кое го поседува градов и кое ќе биде поставено во паркот, овој несекојдневен парк ќе изобилува со зеленило и цвеќе, клупи, корпи за отпадоци и детски реквизити за забава.