Над 100 тони балирана пластика е складирана и чека за продажба и транспорт. Сега балирањето оди многу полесно и побрзо со оглед на тоа што ,, Комуналец,, ја користи новата автоматска 50 тонска преса, набевана со проектот „БИО – РЕАЛ“ со европски пари.
Со оглед на падот на берзанската цена на ПЕТ амбалажата, „Комуналец“ тешко ќе може да ги покрие трошоците кои се прават во делот на собирање, транспорт, доселекција, и балирање на ПЕТ амбалажата, хартија и картон. И покрај ваквата неповолна ситуација на светската берза, остануваат заложбите на вредните комуналци да воведат ред во сортирањето на отпадните корисни материјали и да дадат свој придонес во заштитата на животната средина.
Благодарност до граѓаните кои ја прифаќаат и применуваат селекцијата на отпадот. Граѓаните кои сеуште го мешаат отпадот ред е да започнат да ги применуваат овие практики, со цел да помогнеме заеднички во борбата за чиста средина, уреден град, и културата на живеењето во заедницата. Европските искуства говорат дека стекнувањето на навиките кај граѓаните да селектираат отпад, е најтешкиот дел од алката во процесот на селекција на отпад.