Почитувани сограѓани!
Со оглед на состојбата со Ковид 19 во која се најдува нашава општина и секојдневниот пораст на заразени од вирусот, Ве информираме дека ЈКП„Комуналец“ – Прилеп, ги почитува сите преопораки од Комисијата за заразни болести и ги презема сите мерки за заштита, а изврши и реорганизација на тимовите и работното време во Секторот за подигање на отпад. Посебните единици и тимови од Оделението за подигање на отпад и Одделението за селекција на отпад со работа ќе започнуваат на 1 час, и тоа:
- Подигачи на отпад на контејнери од 5м3 започнуваат со работа од 05:00 часот.
- Подигачи на отпад на контејнери од 1м3 започнуваат со работа од 06:00 часот.
- Подигачи на отпад по домаќинства започнуваат со работа од 07:00 часот.
Ова, воопшто нема да го наруши досегашниот принцип на работа. Граѓаните и бизнис секторот да бидат спокојни во однос на навременото собирање на отпадот. Реорганизацијата е за заштита на вработените, со цел да се избегнат контактите и поголемите групирања во утринските часови при доаѓањето на работното место и напуштањето на работното место.
Со оглед на извршувањето на дејноста која е од јавен интерес, и која не трпи импровизации, ЈКП„Комуналец“ – Прилеп, изготви План за кризна состојба, со кој се опфатени сите единици и вработени како би се преорганизирале и ротирале, доколку се случи појава на заразени од Ковид 19 во единиците кои се од суштинско значење за одржувањето на хигиената во градов.
Доколку дојде до одреден ненамерен пропуст при работата, Ве информираме да се обраќате на тел: 048/428-992, со порака на ФБ страницата од „Комуналец“, или на емајл: presskomunalec@yahoo.com.