„Комуналец“ започна со чистење на Дабнички канал на крајот од куќите во населбата Тризла. Обраснат со високи треви, трска и шипови, со многу исфрлен отпад во него, на непристапен дел, со дополнителен проблем што куќите се скоро изградени во каналот можно ечистење само со механизација. На одредени делови на овој најпроблематичен дел од Дабнички канал не е можен ниту пристап заради тоа што од двете страни се изградени бесправни објекти.
Разговарано е со жителите од најблиските куќи во иднина отпадот да не го исфрлаат во каналот, туку да ги користат услугите на јавното претпријатие и сиот отпад да го собираат во канти или вреќи за да се подигне со редовната неделна линија.
Пренесевуваме куриозитет од разговорот со еден од жителите „Нема повеќе да го исфрламе тука, ќе го носиме накај планините“. Толку од едукацијата.