Се чисти коритото од Дабнички канал

Комуналците започнаа со темелно чистење на отпадот од Дабнички канал, како и чистење на треви и троскот од камените зидови по каналот. По ова ќе се пристапи со машинско чистење и собирање на отпад и тиња од коритото, а по исцедувањето отпадот ќе се транспортира до депонијата во Алинци. Воедно, чистите камени sидови се третираат со Тотал, средство за против плевели.

И покрај апелите од надлежните, како и активистите за чиста животна средина, Дабничкиот канал и речното корито од Градската река да не им служат на несовесните граѓани за исфрлање на отпад, оваа практика никако да престане. Останува комуналците да се надеваат дека дел од граѓаните ќе почнат да применуваат правилно одлагање на отпадот и да стекнат навики да си ја сакаат и чуваат животната средина.

Можеби ќе ви се допадне